Home » Џафери: Самитот за Западен Балкан во Тирана е за усогласување со европските вредности, како предуслов за ЕУ

Џафери: Самитот за Западен Балкан во Тирана е за усогласување со европските вредности, како предуслов за ЕУ

by Журнал.мк

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, во рамки на денешната посета на Тирана, во интевјуто за Report Tv, се осврна на повеќе актуелни прашања за Република Северна Македонија, меѓу кои и значењето на Планот за раст за Западен Балкан на Европската комисија.

„Утрешниот самит е продолжение на претходниот самит во Скопје, еден месец пред тоа, така што е продолжување на работата што треба да ја завршиме како претставници на земјите од Западен Балкан, во однос на усогласувањето на вредностите и предусловите за членство во ЕУ. И во секој случај за тоа ќе се дебатира и на теми поврзани со заедничкиот европски пазар, заедничкиот регионален пазар и слични економски теми, од областа на трговијата“, соопшти премиерот Талат Џафери во интервјуто за Report Tv.

Претседателот на Владата, Џафери, оцени дека тоа што за прв пат во регионот се одржува Самит за Украина е потврда за улогата на меѓународната дипломатија на Република Албанија. Во таа насока, премиерот Џафери посочи и на зачењето на Изјавата што тој и украинскиот претседател Володимир Зеленски, ќе ја потпишат во името на Република Северна Македонија и Украина.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More