Home » Џафери најави поконкретни решенија за проблемот со пасошите на утрешната седница

Џафери најави поконкретни решенија за проблемот со пасошите на утрешната седница

by Журнал

Премиерот на техничката Влада, Талат Џафери, најави дека на утрешната владина седница ќе има поконкретни решенија за проблемот со патните исправи. До 12 февруари граѓаните треба да ги заменат патните исправи поради промена на името на државата Република Северна Македонија.

-Па мислам дека утре ќе се реферира по однос на гледиштата  што сметаме дека е изводливо  како конечна одлука и  како би се спровело, а што би сметале дека е неспроводливо. Ќе треба да најдеме алтернатива кое би било решението, рече Џафери без да открие детали.

Со стари патни исправи ќе останат и нашите државјани во странство и не ќе можат да се вратат дома. Џафери потенцира дека државјанин на Република Северна Македонија и без ниеден документ ако дојде до граница за влез во државата – државата е должна да го потврди неговиот статус по однос на државјанството и доколку се потврди државјанството е должна да го пушти без ниеден документ.

-Имајќи предвид дека од надвор не може да се патува без никаков документ, државата има воспоставено мрежа на дипломатско-конзуларни претставништва коишто имаат надлежност и обврска на таквите случаи да им издава соодветен документ за патување во еден правец за да можат народски кажано тие наши граѓани да се докопаат до институциите на државата внатре во државата и овде да се обезбеди итноста на издавањето, рече Џафери во интервјуто за МИА.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More