Home » Џафери: Крмов ќе треба да ја плати направената штета во Собранието

Џафери: Крмов ќе треба да ја плати направената штета во Собранието

by Журнал.мк

По завршување на продолжението на 131. седница и гласањето за новиот Деловник на Собранието кој беше изгласан со 83 гласа „за“ и два против, во пленарната сала припадници на МВР извршиле увид на направената штета по инцидентот што го предизвикаа пратениците од Левица за време на амандманската расправа. Пратеникот на Левица, Борислав Крмов искрши дел од инвентарот на претседавачката маса и се расфрлаше со листови од амандманите. Во инцидентните сцени му се придружи и неговиот сопартиец Димитар Апасиев.

Претседателот на Собранието Талат Џафери за МИА денеска изјави дека постапката за овие инцидентни сцени треба да ја води обвинителството, или по пријава од полицијата или по допрен глас од она што се гледа дека се случувало на седницата од која има директен пренос како на Собранискиот канал така и преку веб – страната на Парламентот.

Колкава е материјалната штета дополнително ќе биде соопштено, вели Џафери и додава дека истата ќе треба да биде надокнадена од пратеникот Крмов од Левица, кој го искрши мониторот и друг инвентар на претседавачката маса во Пленарната сала.

– Ако некој од вработените направи штета на работа, тој го плаќа трошокот, посочува Џафери и додава дека така ќе биде и во овој случај.

Поради неможноста пленарните седници да се одржуваат во Салата за седници од денеска до санирање на штетата тие ќе се одржуваат во Големата сала со купола, вклучувајќи го и обраќањето на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More