Home » Џафери – Брегу: Во интерес на регионот е напредокот во евроинтеграциите на сите земји од Западен Балкан

Џафери – Брегу: Во интерес на регионот е напредокот во евроинтеграциите на сите земји од Западен Балкан

by Журнал

Зајакнувањето на регионалната соработка е пат кон динамична европска интеграција на земјите од Западен Балкан, заеднички оценија претседателот на техничката Влада Талат Џафери и генералната секретарка на Советот за регионална соработка (RCC), Мајлинда Брегу, на билатералната средба остварена на маргините на Минхенската безбедносна конференција.

На средбата, информираат од владината прес-служба, се посочи дека во изминатите неколку години, се направија значителни постигнувања, што не се ни претпоставуваше дека е можно да се случат. Тоа се: регион со нула такси за роаминг, признавање на академски и професионални квалификации, слободно патување со лични карти низ регионот, како видливи резултати што го олеснуваат функционирањето на граѓаните.

Овие заеднички чекори на државите од Западен Балкан, како што посочија, се одраз на политичката волја на прогресивните политички раководства за реализација на иницијативата за заеднички регионален пазар, како чекор кон поголемата заедничка цел, приклучувањето кон единствениот европски пазар.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More