Home » Џафери – Ќехаја: Северна Македонија и Косово работат на продлабочување на економската и добрососедска политика

Џафери – Ќехаја: Северна Македонија и Косово работат на продлабочување на економската и добрососедска политика

by Журнал

Премиерот на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска оствари средба со амбасадорот на Република Косово во Република Северна Македонија, Н.Е. Флориан Ќехаја, соопштија од кабинетот на техничкиот премер Талат Џафери.

На средбата беше истакнато дека двете држави имаат позитивни и конструктивни билатерални односи, отворен дијалог, меѓупарламентарна соработка, како на билатерално, така и на мултилатерално ниво. Соговорниците истакнаа дека ќе продолжи посветеноста на двете држави на натамошно продлабочување на односите меѓу Косово и Северна Македонија, пред сé на унапредување на трговската размена, соработката во доменот на енергетиката и економијата, истакна од кабинетот на техничкиот премиер.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More