Талат Џафери, кој е предложен за технички премиер на денешната собраниска седница порача дека без разлика дали се работи за техничка влада со рок од еден или сто дена работа, тој ќе работи професионално и без манипулации.
Јас и владата што ќе ја предводам ќе работиме на спроведување на успешните досегашни политики, како и согалсно стратешките определби за интеграција на земјата во ЕУ до 2030 година – порача Џафери.
Образложувајќи ја програмата на преодната влада, Џафери најави дека ќе се залага за спроведување на економските, здравствени, образовавни и социјални потреби на граѓаните и за економски раст. Тој порача дека ќе има отворен дијалог со политичките партии, институциите и граѓаните, како и транспарентност во работата.
Не помалку важно е да споменам дека доследно ќе се залагам за етничка усогласеност и слога меѓу заедниците, рече тој.
Џафери се заблагодари на лидерот на ДУИ, Али Ахмети за довербата, како и на претседателот Стево Пендаровски, досегашниот премиер Димитар Ковачевски и на пратениците.