Home » Џабе е знак за забрана: Ѓубре и шут се трупаат пред училиште во Маџари

Џабе е знак за забрана: Ѓубре и шут се трупаат пред училиште во Маџари

by Журнал.мк

Искршени кревети, постелнина, облека и пластики се расфрлани околу училиштето „Наум Наумовски Борче“ во населбата Маџари во општина Гази Баба.

Попусто е ставен знакот пред училиштето „Забрането фрлање на шут и отпад“ кога населението од околните куќи секојдневно го исфрла шутот околу основното училиште и го загадува просторот каде минуваат околу 500 деца од населбата кои посетуваат настава.

Возила на локалното претпријатие ЈКП Гази Баба изминатите денови можеше да се забележи дека работи на расчистување на неколку диви депонии на повеќе локации низ општината, но јавните површини во населбите се уште не се чисти.

„Апелираме до граѓаните да не вршат одлагање на отпад на јавни површини, туку истото да го сторат во контејнерите за кабаст отпад кои редовно се поставуваат по утврден распоред во Месните и Урбаните заедници“, велат од комуналното претпријатие.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk