21.8 C
Skopje
Monday, June 14, 2021

Џулија Робертс: на 52 години девојки ѝ завидуваат на изгледот

Најчитани вести

Легендарната актерка Џулија Робертс вчера го прослави својот роденден, а поради нејзиниот младешки изглед, ведар и весел дух многумина не можат да веруваат дека има 52 години. Откако на својот службен Инстаграм профил објави фотографија од сетот на снимање на филм под која напиша „52 Yeehaw“, меѓу првите во коментар се јави Рита Вилсон, сопругата на Том Хенкс.

„Да не ги згреши бројките? Имаш 25 нели?“ ѝ порача колешката, а со нејзе брзо се сложија и останатите обожаватели и следбеници. Со пригодни роденденски честитки, многумина ја прашаа Џулија Робертс кој е тајниот рецепт за таков изглед и како успева да изгледа двојно помлада од возраста.
Оваа холивудска икона дури пет пати е прогласена за најубава жена на светот, според списанието „Пипл“. Иако комплиментите и титулите ѝ ласкаат, Убавата жена (како што ја нарекуваат по истоимениот култен филм ) не се срами да зборува за достоинственото стареење. Неколку пати нагласи дека не е обожавателка на агресивните козметички третмани, естетски зафати, ботокс, филери и сè што не е природно.
– Сакам моите деца да видат кога сум среќна, налутена или збунета. Сите изрази на лицето никогаш не би ги постигнале оние кои постојано ставаат ботокс. Вашето лице е ваша приказна. Сакате ли тоа да „зборува“ само за тоа дека одите на пластичен хирург – изјави во една прилика убавата актерка.

https://www.instagram.com/p/B4KoR-bgveA/?utm_source=ig_embed

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести