16.8 C
Skopje
Sunday, October 2, 2022

Џорџ Клуни, видно остарен, се појави со Амал и децата на аеродромот во Лос Анџелес (ФОТО)

Најчитани вести

Џорџ, кој успеа да издржи 52 години како заколнат ерген додека не ја запозна убавата адвокатка за човекови права Амал Аламудин, 17 години помлада од него и се заљуби, отсекогаш бил познат како сребрената лисица на Холивуд со својата шармантна седа коса, но се чини дека годините го стигнале и дека родителството во неговите подоцнежни години си го направило своето, па згодниот актер целосно побелел и видно остарел.

Неодамна често го гледаме уморен и нерасположен, а исклучок не се и последните фотографии направени додека тој и Амал слегуваа од приватен авион во Лос Анџелес со нивните две деца. Иако Џорџ весело се насмеа, не беше возможно да не се забележи неговата целосно бела коса и брада, како и фактот дека ги сокрил очите зад очилата за сонце.

Да потсетиме, парот за прв пат се сретна во 2013 година во неговата куќа на езерото Комо во Италија, каде заеднички пријател ја донел Амал, а најпознатиот заводник брзо се заљуби.

На првиот состанок отишле во октомври истата година, а веќе во април следната година Џорџ клекнал на колена пред убавата адвокатка и ја запросил. Во септември 2014 година, двојката се венча токму на езерото Комо и добија две деца, близнаците Александар и Ела, кои внимателно ги држат подалеку од очите на јавноста, а ова е една од ретките прилики папараците да успеат да ги фотографираат.

Познато е дека Амал е адвокатка за човекови права и дека зборува и работи против сериозно опасни поединци и организации. Идејата дека некој може да ги искористи нејзините деца за да ѝ се одмазди, ги навела да ги задржат близнаците анонимни.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com