И три години по објавата на филмот „Последниот танц“, Скоти Пипен не може да му заборави на Мајкл Џордан некои работи кои тој ги истакна во него, а се однесуваат на целата екипа на Чикаго Булс и на него како поединец.
Поради тоа, Пипен ја користи секоја прилика за да го навреди својот поранешен соиграч иако со некои тврдења излегува и смешен. Такво е последното, во кое ги споредува Леброн Џејмс и Џордан.
„Леброн ќе биде статистички најдобар играч кој некогаш играл кошарка и нема споредба со него. Ниедно! Го гледав Мајкл Џордан како игра пред јас да дојдам во Чикаго Булс, сигурно сте го гледале и вие. Ужасен играч, ужасен соиграч. Се му се вртеше околу играта ‘еден на еден’, а потоа одеднаш станавме тим и почнавме да победуваме. Сите забораваат кој беше Џордан“, изјави Пипен.
Двајцата беа дел од шампионската генерација на Чикаго Булс која освои шест титули во НБА во периодот од 1991 до 1998 година. Во овие осум сезони, Булс пропуштија само две титули и тоа оние две во кои во тимот не беше Џордан (1994 и 1995) затоа што тогаш тој одлучи да паузира од кошарката и да се посвети на бејзболот. Точно е дека Џордан во првите седум сезони како професионалец не успеа да освои титула, но и доаѓањето на Пипен не беше од голема помош бидејќи тој дојде во тимот од Илионис во 1987 година, а својата прва титула Чикаго ја освои во 1991.
Повозрасните љубители на кошарката памтат, а тоа го има и во документарниот филм, дека сезоната 1994/95 Булс ја почнаа со биланс 23/25 по што Пипен пред телевизиските камери, јавно го повика Џордан да се врати во екипата.