Home » Џонсон ќе стане татко по осми пат

Џонсон ќе стане татко по осми пат

by Журнал.мк

Кери Џонсон, сопругата на поранешниот британски премиер Борис Џонсон, открила на Инстаграм дека двајцата го очекуваат своето трето дете.

Парот досега ја криеше среќната вест од јавноста, а Кери открила во објавата дека третото бебе пристигнува веќе следниот месец.

„Бев прилично исцрпена во последните 8 месеци, но не можеме да дочекаме да го запознаеме ова бебе. Вилф е возбуден бидејќи уште еднаш ќе стане постар брат и постојано зборува за тоа. Мислам дека Роми нема поим што ја чека… Наскоро ќе дознае“, напишала 35-годишната Кери во објавата.

Додека ова за неа е трето дете, за поранешниот британски премиер е осмо. Тој првпат се венчаше во 1987 година со Алегра Мостин-Овен која ја запознал уште како студент на Оксфорд. Нивниот брак беше поништен во 1993 година откако се утврди дека Џонсон е во врска со пријателка од детството, Марина Вилер.

Токму со Марина се венчаше во 1993 година, а се разведе во 2018 година. Двајцата имаат две ќерки, Лара Летис и Касија Пичес, и два сина, Мило Артур и Теодор Аполо. Поранешниот премиер има и ќерка која ја добил со уметничката советничка Хелен Мекинтајр.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk