21.8 C
Skopje
Saturday, October 1, 2022

Џонсон: Постапките на Путин сега се директна закана за цела Европа

Најчитани вести

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека руските сили мора веднаш да го запрат нападот на украинската нуклеарна централа во Запорожје и дека сега постапките на Путин се закана за безбедноста на цела Европа.

Џонсон разговарал со украинскиот претседател Володимир Зеленски за ситуацијата во електраната во Запорожје, која се наоѓа на југоистокот на земјата, објави „Ројтерс“.

„ Премиерот рече дека непромислените постапки на Путин сега можат да бидат директна закана за безбедноста на цела Европа“, се вели во соопштението на Даунинг стрит.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com