-9.2 C
Skopje
Tuesday, January 25, 2022

Џонсон денеска ќе објави нов план за попуштање на мерките

Најчитани вести

Британскиот премиер, Борис Џонсон, денеска ќе претстави план за последниот чекор од мерките за олеснување во Англија, вклучувајќи упатства за физичко растојание, носење маски и работа од дома, објави владата.

Останатите законски ограничувања во борбата против ковид-19 треба да бидат укинати на 19 јули, а одлуката за тоа се очекува на 12 јули.

Податоците сугерираат дека случаите на коронавирус ќе се зголемат доколку се олеснат мерките, но владата соопшти дека програмата за вакцинација го намалила бројот на хоспитализации и смртни случаи.

Од Џонсон се очекува да каже дека луѓето ќе научат да живеат со Ковид-19 како што тоа веќе го сторија со грипот, што значи дека ќе се појават хоспитализации, посериозни болести и смртни случаи, но во помал број отколку пред распространетата вакцинација.

Во Велика Британија, 86 проценти од возрасните ја примиле првата доза и 64 проценти добиле две дози до неделата, покажуваат бројките на владата.

Но, инфекциите се зголемија во последните неколку недели и во нив доминира делта варијантата. Последниот чекор за олеснување на мерките е веќе поместен за четири недели за да се вакцинираат што е можно повеќе луѓе.

Податоците на јавното здравство во Англија покажуваат дека вакцините се многу ефикасни во спречување на сериозни болести и хоспитализации од таа варијанта, соопшти владата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com