24 C
Skopje
Monday, May 17, 2021

Џонсон бара од Трамп да се укинат царините за шкотското виски

Најчитани вести

Британскиот премиер Борис Џонсон во телефонски разговор побарал од американскиот претседател Доналд Трамп да ги укине новите царини на стоките, вклучително и за шкотското виски, изјави портпаролот на британската влада. Џонсон го повикал и да не наметнува и царини за автомобили.

„Двајцата лидери ја потврдија својата заложба за зајакнување на специјалниот однос со силен билатерален договор за слободна трговија, откако Велика Британија ќе ја напушти ЕУ. Претседателот исто така ја истакна потребата сојузниците на НАТО силно да ја финансираат својата одбрана“, соопшти Белата куќа.

САД минатиот месец воведоа нови царини од 25 проценти на шкотско виски и други европски производи. Администрацијата на Трамп најави воведување дополнителни 25 проценти царини за автомобили и за автоделови.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести