28.8 C
Skopje
Sunday, June 20, 2021

Џони Деп ќе се жали на одлуката на судијата кој го прогласи за насилник што тепа жени!

Најчитани вести

Џони Деп во четврток ќе побара дозвола за да се пожали на својот пораз во случајот во кој „The Sun“ го нарече „насилник што тепа жени“.

Да потсетиме, судијата на британскиот Врховен суд Ендру Никол донесе одлука во ноември минатата година дека Деп насилно ја нападнал својата поранешна сопруга Амбер Херд неколку пати за време на нивната бурна петгодишна врска, понекогаш ставајќи ја во ситуации кога се плашела за својот живот. Одлуката е донесена по три недели сослушувања на кои судот слушнал детали за насилните испади на поранешните сопружници, а Никол во својата пресуда рече: „Открив дека огромното мнозинство на наводните напади на г. Деп врз г-ѓа Херд се докажани според граѓанските стандарди “. Имено, Никол ги слушал деталите за 14 случаи на екстремно насилство според кои актерот ја давел, удирал и ја шутирал Амбер, а за 12 од нив, Никол заклучил дека се вистинити.

Сепак, после тоа, адвокатите на Деп изјавија дека пресудата е толку погрешна, што би било смешно да не се жали. Тие рекоа дека е „загрижувачко“ тоа што судијата се потпрел на сведочењето на Амбер Херд, додека ги отфрлил доказите на полицајците, нејзиниот поранешен асистент и други сведоци кои можеле да ги поткопаат нејзините докази.

Во четврток, правниот тим на Деп ќе побара дозвола за жалба и ќе се потпре на дополнителни докази. Рочиштето, кое се очекува да трае околу два часа, ќе се пренесува во живо на каналот на Апелациониот суд на YouTube.

Да се потсетиме, парот се запозна во 2011 година и се венчаше четири години подоцна, но се разведе во 2016 година.

Деп пред судот изјави дека никогаш не бил насилен кон неговата поранешна сопруга, објаснувајќи дека нејзините тврдења се лажни, но Никол ја отфрлил неговата верзија за настаните.

Деп, исто така, поднесе тужба за клевета од 50 милиони долари против Херд, пред судот во Вирџинија, во врска со написот поврзан со нивната врска, што го напишала за „The Washington Post“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести