Home » Џони Деп со овој потег направи шах-мат на поранешната сопруга: Ја покажа хуманоста, но ја затвори и устата на Амбер

Џони Деп со овој потег направи шах-мат на поранешната сопруга: Ја покажа хуманоста, но ја затвори и устата на Амбер

by Журнал.мк

Актерот Џони Деп донирал 800.000 долари во добротворни цели за деца ширум светот, од кои едната е поврзана со неговата поранешна сопруга Амбер Херд.

Деп дал пари на фондацијата на Детската болница во Перт, на детската добротворна организација “Great Ormond Street Hospital”,”Footprint Coalition” и на Детската болница во Лос Анџелес, со која е поврзана Амбер.

За време на шестнеделното судење за клевета, се покажа дека актерката не го донирала тоа што го вети по разводот од парите кои ги доби, 7 милиони долари во добротворни цели, велејќи дека е виновна нејзината скапа битка за клевета со Џони.

Уште во 2016 година, Амбер вети дека ќе ја подели добивката помеѓу Детската болница во Лос Анџелес и Американската унија за граѓански слободи.

Беше обелоденето дека таа не го направила тоа, па Деп реши да донира онаму каде лажно донирала неговата поранешна сопруга.

Ова е гест за почит, но сепак Џони ја затвори устата на Амбер.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More