Home » Џони Деп издаде предупредување до фановите по судењето – еве што започнало сè почесто да се случува

Џони Деп издаде предупредување до фановите по судењето – еве што започнало сè почесто да се случува

by Журнал.мк

Џони Деп се соочува со проблеми на социјалните мрежи по судењето со поранешната сопруга Амбер Херд.

Судењето меѓу Џони Деп и Амбер Херд привлече големо внимание во јавноста, а и по завршувањето на истото луѓето сè повеќе зборуваат за тоа.

Џони Деп сега издаде предупредување до фановите поради тоа што по судењето направени се многу лажни профили на социјалните мрежи кои се претставуваат како познатиот актер.

Актерот предупредувањето го објавил на Инстаграм каде објаснил што се случува со лажните профили кои се преправаат дека се тој, а кои сега го користат зголеменото интересирање на јавноста по судењето.

Во известувањето актерот напишал:

„Ве известувам дека постојат лажни профили кои се преправаат дека сум јас или луѓе кои работат со мене. Немам приватни или споредни профили ниту на една платформа. Ова се единствените страници кои ги водам јас и мојот тим на кои споделуваме ажурирања и комуницираме“, изјавил Деп, пренесува британски „Hello“.

Да ве потсетиме, кон крајот на месец мај, Џони ја доби тужбата против Амбер по шестнеделното судење кое се пренесуваше во живо на Јутјуб.

Тој доби 15 милиони долари како компензација, а Амбер доби 2 милиони долари.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More