Home » Џони Деп, во исчекување на пресудата, настапи на рок концерт во Лондон

Џони Деп, во исчекување на пресудата, настапи на рок концерт во Лондон

by Журнал.мк

Холивудската ѕвезда Џони Деп, кој ја чека пресудата во случајот клевета против неговата поранешна сопруга Амбер Херд, непланирано се појави на рок концерт во лондонски Ројал Алберт Хол во понеделникот, негов втор настап на сцена во рок од два дена.

Еден ден претходно, Деп ја изненади публиката во северниот англиски град Шефилд кога се појави со британскиот гитарист Џеф Бек за да изведат серија музички обработки, вклучително и Isolation на Џон Ленон, песна на која соработуваа и ја објавија во 2020 година.

Во понеделникот, тој повторно се појави на сцената со Бек, во култниот Ројал Алберт Хол, повторно свирејќи ја Isolation меѓу другите песни.

Поротниците во Вирџинија, САД, кои расправаат по тужбата за клевета од ѕвездата на „Пиратите од Карибите“, и контра-тужбата од неговата поранешна сопруга, прекинаа во петокот без да донесат пресуда.

Тие ќе ги продолжат дискусиите денес (вторник) по празникот на Меморијалниот ден на САД.

Бек треба да одржи уште еден концерт во Ројал Алберт Хол истиот ден.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk