10.8 C
Skopje
Friday, December 3, 2021

Џијан Емин и Дерик Меј со врвен настап на „Ројал Фестивал Хол”

Најчитани вести

Нашиот маестро Џијан Емин и познатиот светски DJ Дерик Меј, на 29 август направија спектакл за паметење во престижната „Ројал Фестивал Хол” во Лондон каде настапија ззаедно со City of London Symphony.

Џијан Емин и Дерик Меј се популарни во своите настапи каде никого не оставаат мирен. Така било и овој пат каде публиката буквално станала да игра, нешто што е нетипично за Ројал Фестивал Хол

„Концертот беше дел од ‘Мелтдаун Фестивал’ чиј куратер е познатиот продуцент Најл Роџерс. Настанот помина прекрасно. Оркестарот беше фантастичен, како и маестралните Сем Лик на соло пијано и Елоиз Вернер која настапи како соло вокал. Звукот, пак, во концертната сала беше извонреден. За првпат во историјата на ‘Ројал Фествал Хол’ се случи еуфорија и публиката стана да танцува. Настапот помина со овации, не викнаа два пати на бис, а критиките по концертот беа мошне позитивни”, вели Џијан Емин.

Честитки за Џијан Емин и екипата, и посакуваме само успеси понатаму во претствувањето на нашата држава низ светот како културни амбасадори.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com