Американскиот режисер Џим Џармуш вели дека е љубител на филмовите од серијалот „Гол пиштол“, дека е воодушевен од ликот „Џон Вик“, но никогаш нема да погледне ниту еден дел од серијалот „Војна на ѕвездите“, како што изјави за списанието „Биливер“ (The Вeliever).
Има одредени нешта што никогаш нема да ги гледам. Никогаш нема да гледам ниту еден филм од „Војна на ѕвездите“, бидејќи ми пречи што знам толку многу за нив и нивните ликови, рече Џармуш.
Режисерот на филмовите „Мистичен воз“, „Мртов човек“ и „Кафе и цигари“ дополнително се прашува и се чуди зошто знаел за ликови како Дарт Вејдер или роботот „Ар-ту-Ди-ту“, а никогаш не гледал ниеден од филмовите „Војна на ѕвездите“…
И „Однесено со виорот“ никогаш не сум го гледал и нема да го гледам, само затоа што чувствувам дека ми го наметнуваат, вели режисерот.
Џармуш, од друга страна, смета дека „Терминатор“ на Џејмс Камерон е акционо ремек-дело… Но, вели, му пречи тоа што во последно време, кај филмовите од жанрот акција „не може да најдете кадар подолг од три секунди“, што според него, е навистина навредливо.