Home » ЏЕЈМИ ФОКС ИМАЛ МОЗОЧЕН УДАР, НЕ СЕ ЧУВСТВУВА ДОБРО! Мајк Тајсон откри шокантни новости за славниот актер

ЏЕЈМИ ФОКС ИМАЛ МОЗОЧЕН УДАР, НЕ СЕ ЧУВСТВУВА ДОБРО! Мајк Тајсон откри шокантни новости за славниот актер

by Lina Muslija

Во медиумите со недели се шпекулира за здравствената состојба на познатиот оскаровец.

Боксерската легенда Мајк Тајсон откри шокантни новости за здравјето на актерот Џејми Фокс (55).

– Не се чувствува добро. Велат дека имал мозочен удар. Немам поим што му се случило – рекол боксерот, пренесува „Сан“.

Се зборува дека Фокс ги поминал последните неколку недели во болница, а сега се верува дека се опоравува дома. Здравствените проблеми на актерот и се познати на јавноста од средината на април, кога неговата ќерка Корин Фокс ја сподели веста со следбениците на социјалните мрежи.

– Сакаме да споделиме дека мојот татко Џејми Фокс вчера имаше медицински компликации. За среќа, поради брзата реакција и одличната нега тој веќе е на пат кон закрепнување. Знаеме колку го сакате и ги цениме вашите молитви. Семејството моли за приватност во овој период. Со многу љубов, семејството Фокс“, напиша Корин.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk