17.8 C
Skopje
Sunday, September 26, 2021

Џесика Алба: Имам 3 деца, не ми е грижа што мислат за моето тело

Најчитани вести

Џесика Алба е една од sвездите за кои се чини дека времето запрело. Мајка на три деца, а таа сè уште важи за секс-симбол, но изгледа дека нејзиниот имиџ не ја мачи.

„Гледајќи ги назад фотографиите на мојата прва корица за InStyle во 2007 година, бев прилично несигурна. Мислев дека треба да бидам некој друг за да ме примат. Им дозволував на другите луѓе да дефинираат кој сум бил. Кој сум јас сега? Не ми е гајле. Имам три деца. Тие го искористија моето тело и јас бев задоволна од тој факт. Знам дека сум паметна. Не ми е грижа што мислат другите за мене. Јас сум добра девојка. Јас сум добро “, изјави ѕвездата за медиумите.

За деновите кога нејзината sвезда блескаше светло, таа рече:

„Јас бев во професионалните води веќе една деценија, но сепак се обидував да се прилагодувам на публицитетот и да дозволам да диктира кој сум. 90% од она што луѓето го мислеа дека го претставувам беше од медиумите и озборувањата “.

Во раните 30-ти години, Алба добила поголема самодоверба. Во интервју за јулиското издание на медиумите, таа призна:

„Да бев помлада, веројатно ќе бев опседната со диети и вежбање, но наместо тоа, размислувам вака: Сега сум тука. Ова е мојот живот. И ова е моето тело “.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com