3.8 C
Skopje
Sunday, December 5, 2021

Џереми Микс: Хероинот ми го уништи животот, а во затворот живеев покрај Чарлс Менсон

Најчитани вести

35-годишниот Џереми Микс, познат и како “најсексапилниот криминалец на светот”, во едно од своите ретки интервјуа проговорил за сопственото детство и растењето во катастрофални услови.

“Јас сум дете на хероински зависници. Детството ми беше многу гадно и мрачно, а во такви околности морате брзо да пораснете. Мојот татко ја уби најдобрата пријателка на мојата мајка кога имав само 9 месеци. Ние побегнавме од него, а таа беше единствената која знаеше каде се криеме”, ја започнал Микс својата мачна приказна. 

Веќе на 15 години, тој вели дека ѝ бил препуштен на улицата и станал член на банда. Немал никаква друга перспектива – во тие години бил пет пати застрелан, а за своите криминални активности добил вкупно 20 години затвор.

“18 месеци во затворот, прв сосед ми беше Чарлс Менсон, а кога излегов, ниту еднаш не се ослободив од тој затворски менталитет. Беше тешко, а ме спаси разумниот судија кој ми ја намали затворската казна и денес сум потполно поинаков човек”, раскажал Џереми, чија затворска фотографија стана вирална во 2014 година, а некогашниот гангстер набрзо изгради успешна манекенска кариера.

Микс по излегувањето од затвор се венчаше со 29-годишната Клои Грин, ќерка на милијардерот Филип Грин, а парот минатата година доби син./tocka.com.mk

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com