10.8 C
Skopje
Friday, October 22, 2021

Џерард останува на клупата на Ренџерс до 2024 година

Најчитани вести

Легендата на Ливерпул и англискиот фудбал, Стивен Џерард, ја продолжи соработката со екипата на Ренџерс за нови две години.

Младиот струњак ја заработи довербата на управата поради одличните резултати откако пристигна на „Ајброкс“ во летото 2018 година. Овој четврток, шкотскиот гигант стигна до нокаут фазата на Лига Европа првпат по сезоната 2010/11.

„Задоволен сум што го продолжувам престојот во овој фантастичен фудбалски клуб. Кога претседателот Дејв Кинг ми пријде со можноста да го продолжам мојот договор со Ренџерс, одлуката беше многу лесна затоа што сум многу среќен и чувствувам дека заедно градиме нешто посебно во клубот.

Сакам да им се заблагодарам на челниците за поддршката што ми ја дадоа за време на мојот престој тука и исто така, најважно, на навивачите на Ренџерс, кои ми дадоа огромна поддршка мене и на тимот и оваа сезона и лани“, изјави Џерард.

Целиот стручен штаб покрај англискиот тренер исто така го продолжи договорот со тимот од Глазгов.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com