2.8 C
Skopje
Tuesday, December 7, 2021

Џенова и Наполи го поздравија историскиот успех на Македонија (Фото)

Најчитани вести

Спортските медиуми од регионот не штедеа комплименти и суперлативи за фудбалскиот подвиг кој го изрежира Македонија во Дуизбург, но рамнодушни не останаа ниту светските медиуми кои со голем шок ја примија веста која пристигна од Германија.

Македонските фудбалери остварија историска победа против четирикратниот светски првак и славеа со 1:2, а интересно, улогата на херои ја имаа двете големи и најзвучни фудбалски ѕвезди во нашиот тим кои настапуваат во италијанската Серија А.

Капитенот Горан Пандев го постигна голот за 0:1, додека Елиф Елмас беше стрелец на клучниот погодок со 1:2 со кој ги урнавме и грогиравме избраниците на Јоаким Лев.

Поради тоа, италијанската јавност се надоврза во пофалбите наменети за фудбалерите предводени од Игор Ангеловски, а секако Џенова и Наполи имаа посебна причина за задоволство.

– Едноставно, Пандев, – гласи објавата на Џенова, додека Наполи направи и текст на својата официјална веб-страна.

– Елиф Елмас го постигна победничкиот гол за Македонија во ситуација кога тие остварија историска победа над Германија. Мечот беше израмнет со головите на Пандев и Гундоган, се додека играчот на Наполи не погоди за 2:1 во 85-та минута. Елмас го одигра цел меч, – пишува Наполи.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com