6 C
Skopje
Monday, May 10, 2021

Џенифер Анистон пак „растури“ со фотката на Инстаграм: 4 милиони лајкови за 24 часа

Најчитани вести

Џенифер Анистон слободно може да се нарече кралица на Инстаграм. Откако направи профил на друштвената мрежа, секоја нејзина објава е апсолутен хит.

„Џен во црно“, напиша глумицата покрај фотографијата на која е снимена од позади придружувана од својот телохранител.

Џенифер на сликата носи сексапилен црн фустан со отвор на грбот.

Фотографијата за помалку од 24 часа ја „лајкувале“ повеќе од 4 милиони луѓе.

„Чекај, ти имаш мускули на грбот?“ „Прекрасна си од сите агли.“ „Мене ми треба твојот план за исхрана и за тренинг, не можам веќе вака“, ја фалеа обожавателите.

Во моментов Џенифер на Инстаграм има повеќе од 18 милиони следбеници./slobodenpecat.mk/

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести