7 C
Skopje
Saturday, March 6, 2021

Џенифер Анистон: Не сакам да ми местат дечковци

Најчитани вести

Актерката Џенифер Анистон во најновото интервју во радио-емисијата на популарниот американски водител Хаувард Стерн, откри дека во моментов е премногу зафатена и дека нема време за сериозна врска. Таа раскажа дека многу нејзини пријатели се обиделе да ѝ наместат дечко, но таа упорно им велела дека не ја интересираат.

„Во моментов сум премногу зафатена со снимањата. Немам време за дечковци. Постојано им говорам на моите пријатели дека не ме интересираат нивните наместени состаноци со непознати мажи. Страшно ме нервираат состаноците на слепо“, изјавила Анистон.

Популарната актерка позната од серијата „Пријатели“, вели дека во моментов ужива во слободата и вели дека тоа што е сама е најубавиот момент од нејзиниот живот. Таа објаснила дека во моментов работи на снимањето на новата серија „Утринско шоу“ и се подготвува за втората сезона, во која ќе соработува со актерот Рис Витерспун.

Анистон раскажа и дека неодамна се сретнала со нејзината колешка од „Пријатели“, Кортни Кокс, но дека ниту една од нив нема намера повторно да ја снимаат култната серија.

„Искрено мислам дека сите сакаат да не видат повторно заедно. Но, на сите им е јасно дека до ново снимање на оваа серија нема да дојде“, изјавила Анистон.Текстот Џенифер Анистон: Не сакам да ми местат дечковци е превземен од Reporter.mk.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести