10.8 C
Skopje
Sunday, October 24, 2021

Џенифер Анистон: Ги исфрлив од својот живот луѓето кои…

Најчитани вести

Актерката Џенифер Анистон откри дека ги елиминирала од својот живот луѓето кои не примиле вакцина против коронавирусот или не сакаат да кажат дали ја примиле.

Убавата актерка рече дека така морало да биде бидејќи повеќе нема да толерира незнаење и теории на заговор што можат да ги загрозат човечките животи.

„Едноставно морав да исфрлам повеќе луѓе од мојот живот. Тие беа составен дел од секоја моја недела. Одбија да ја добијат вакцината или одбиваат да кажат дали ја добиле. Не можам повеќе да толерирам луѓе кои не ги слушаат фактите, туку нивните одлуки ги засноваат на страв или пропаганда“, рече таа.

„Сите поминавме низ ужасен период, уморни сме од вестите, пандемијата, карантинот, сите се надевавме дека ќе добиеме некоја добра вест, а добивме уште повеќе лудило“, рече актерката.

Џенифер во мај објави дека ги примила двете дози на вакцината и рече дека тоа е „голема привилегија“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com