Џенифер моментално е на Хаваи, каде со Адам Сендлер снима продолжение на филмот Murder Mystery и покажала како и изгледа косата додека времето е влажно.
„Во ред, влажност… Одиме“, напишала актерката со фотографии од кадрава, бујна коса, а се гледа дека на нејзиното лице нема ни трошка шминка. На фотографиите таа е завиткана во крпа.
На следбениците им се допаднал нејзиниот природен изглед.
„Да, природни локни“, „Секси коса во кревет“, „Искрено, многу ми се допаѓа“, „Фантастична“, „Убава си“, „Сакам кадрици“, „Косата ми изгледа идентично кога е влажно времето“, напишале нејзините придружници. Многумина се потсетиле на сцените од серијата „Пријатели“ кога тимот бил на Барбадос, а косата на Моника изгледаше бујно и кадрава поради влагата.
Инаку, филмот Murder Mystery беше голем хит по неговото прикажување во 2019 година и еден од најуспешните филмови на Нетфликс. Претходно беше најавено дека снимањето на второто продолжение ќе започне во јануари 2022 година на Хаваи. Во главните улоги повторно се појавуваат Џенифер Анистон и Адам Сендлер.