-2.2 C
Skopje
Monday, February 6, 2023

Џел Ло и Бен Афлек на романтично бегство во Сен Тропе

Најчитани вести

Старо-новата двојка, која изминатиот викенд ужуваше на мега јахта вредна 130 милиони долари долж француската ривиера, им даде на фановите експлозија од минатото, бидејќи ненамерно ја пресоздадоа познатата сцена од музичкото видео за Jenny From the Block нејзиниот хит од 2002 година.

Џенифер и Бен се на европско патување по повод 52. роденден на латино ѕвездата, а минатиот викенд се релаксираа во Сен Тропе.

Афлек (48) е фотографиран како става крем за сончање на познатата задница на својата девојка, многу слична сцена со онаа во видеото на Џеј Ло за песната „Џени од блокот“, која го пратеше нивниот статус на моќна двојка во тоа време.

Фановите исто така можеа да видат и врамена слика на парот – направена од легендарниот фотограф Херб Ритс во 2002 година – што се гледа во позадината на нивната јахта.

Шоу-биз медиуми објавија дека тие продолжиле со прославата на роденденот во раните утрински часови, што следува откако двајцата на Инстаграм ја потврдија обновената романса покажувајќи ја меѓусебната наклоност.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести