Џа Морент, еден од најатрактивните играчи во НБА лигата ја обележа изминатата ноќ на терените во САД. Мемфис Гризлис забележаа победа над Сан Антонио Спарс 118:105.
Морент буквално го влечеше својот тим до 43-ta победа во сезоната. Постигна 52 поени, 13 од нив во последната четвртина, забележа и седум скока и две асистенции. Ова е личен рекорд на Морент, воедно тој е првиот играч во историјата на франшизата што успеал да постигне 50 или повеќе поени.
Мечот го обележа неговото забивање преку 216 сантиметри високиот центар на Спарс.
Резултати:
Кливленд-Минесота 122:127
Орландо-Индијана 119:103
Бруклин-Торонто 97:133
Мајами-Чикаго 112:99
Милвоки-Шарлот 130:106
Оклахома-Сакраменто 110:131.