26.8 C
Skopje
Wednesday, June 16, 2021

Џафери: Ќе почнеме разговари за измени или за нов Деловник

Најчитани вести

Претседателот на законодавниот дом во интервју за МИА вели дека во овие разговори ќе бидат опфатени сите прашања што се отворија со новиот состав на Собранието, како на пример одржувањето на конститутивната седница.

Во Собранието наскоро се очекува да се формира работна група чија цел ќе бидат измени и дополнувања или нов Деловник за работа на законодавниот дом. Претседателот на Собранието Талат Џафери, во интервју за МИА истакна дека тој деновиве ги завршил комуникациите со сите пратеници и пратенички групи и оти добил предлози од сите пратенички групи за учество во работната група за продолжување на процесот Жан Моне.

– Идејата ни е тој процес поради пандемијата да го отпочнеме сами овде ние, без физичко присуство и надгледување од европратениците и периодично колегијално да ги информираме за напредокот евентуален по кој одиме. Можам да кажам дека таму се вклучени сите – истакна Џафери.

Претседателот на законодавниот дом вели дека во овие разговори ќе бидат опфатени сите прашања што се отворија со новиот состав на Собранието, како на пример одржувањето на конститутивната седница. Некои прашања поврзани со измените на Деловникот се веќе затворени во претходниот мандат во рамки на Жан Моне процесот.

– На пример, конститутивна седница да има тек, почеток и крај. Да не биде отворена можноста да трае со денови конститутивната седница. Да се дефинира, на пример, точно кога ќе се смета дека Собранието е конституирано за да можат да почнат да течат роковите конкретно по она што произлегуваат за другите институции, примената на роковите и текот на работата по тие рокови. Има низа работи- појаснува Џафери.

Според него, нема да биде спорно да се отвори и прашањето за онлјан работа на Собранието, но  Џафери не смета дека треба да се почне со нешто што е спорно за дел од пратеничките групи.

– Идејата е да почнеме со дебата по оние работи коишто се констатирани како пречка од сите нас и да изнајдеме решение. Потешките прашања секако остануваат на крај да се изгладат и во тој контекст мислам дека во скоро време ќе отпочне тој процес и навремено ќе бидете информирани кога конкретно ќе биде првата официјална средба во овој состав. Така што тоа треба да добива и форма, во смисла одлука за формирање работна група којашто ќе ги вклучи покрај пратениците и службата во Собранието, како и експерти – потенцира Џафери.

Претседателот на Собранието посочува дека Собранието е во фаза на реформи и оти целта е комплетно осамостојување.

– Дел од таа реформа се измените или работата на нов деловник, можеби, најверојатно ќе произлезе да имаме нов деловник, иако ние работиме на измени и дополнување на Деловникот во процесот Жан Моне. И следствено на тоа се прават напори за реформа на статусот на собранискиот канал и реформа на статусот на собраниското обезбедување, како последица на сите нешта што се случија во овие три децении. И сметаме дека сите овие функции треба да бидат изречно во надлежност на Собранието. И Собранието само по себе со воспоставени правни инструменти да може да менаџира со оваа институција без оглед кој ќе биде соодносот на силите сега во овој мандат, наредниот мандат, затоа што еднаш засекогаш даден мандат, па тоа ќе биде една гарнитура којашто ќе ги користи тие можности на работата на Собранието – истакнува меѓу другото претседателот на Собранието Џафери во видео интервјуто за МИА.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести