10.8 C
Skopje
Monday, September 26, 2022

Џафери: „Треба да се разгледа ‘Отворениот Балкан“ и статусот на Македонија во него – пописот ќе покаже дали Бугарите се трети по бројност“

Најчитани вести

„Србија не е иста како кога беше покрената иницијативата ‘Отворен Балкан’. Изјавата на претседателот на српскиот парламент Ивица Дачиќ е доволен сигнал да се разгледа оваа иницијатива. Затоа, треба да го разгледаме повторно статусот на Македонија во тој проект, но и другите членки во ‘Отворен Балкан’ треба да го разгледаат како иницијатива.’ – рече претседателот на Парламентот на Македонија Талат Џафери во дебатниот магазин ‘Клик Плус’ на ТВ 21“ – објави оваа телевизија.

На својот интернет-портал ТВ 21 пренесе дел од другите акценти од искажувањата на Џафери: „На прашањето дали Бугарите ќе бидат трети по бројноста во Македонија согласно со пописот, претседателот на Собранието Џафери одговори дека не може да одговори за тоа колку Бугари би излегле со пописот. ’Во врска со тоа дали Бугарите ќе бидат трет народ по бројност не можам да ви одговорам, затоа што немам информации во врска со резултатите. Не би сакал да шпекулирам за нешто за што немам поткрепа. Планирано е со врзан потпис претседателот и потпретседателот на Заводот за статистика на 31 Март да ги верифицираат и да ги објават резултатите од пописот.’ – посочи Талат Џафери во ‘Клик Плус’.“

„ Претседателот на Собранието Џафери рече дека не сака да го персонализира односот со лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој Џафери го нарече ‘автократ што се однесува во Собранието како да се наоѓа во својата гостилница во Форино’. ‘Парламентот во кој тој учествува со 44 пратеници, ако го смета како мојата гостилница во Форино, тоа е друга работа. Таа е чудесна. Кој има желба, повелете во неа, ние сме гостопримливи.’ – рече Џафери.“

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com