Home » Џафери: Треба да се почитува суверенитетот на Украина

Џафери: Треба да се почитува суверенитетот на Украина

by Журнал.мк

Колку и да ни се чини географски далеку, Украина не е далеку и последиците ќе бидат далекусежни, не само од воен аспект, туку и од економски, и ќе се одразат врз регионот и пошироко во меѓународен контекст, изјави претседателот на Собранието Талат Џафери.

Посочи дека ставот што неговата матична партија ДУИ го имала за време на кризата во Украина во 2014 година е непроменет и актуелен и денес.

-Ставот на Собранието и на државата е дека Украина има свој територијален суверенитет и треба да се почитува од сите. Иако воените дејствија ескалираат, приоритет треба да има дијалогот, преговорите и разговорите, сѐ додека се исцрпат сите инстанции. На Украина ѝ припаѓа правото да може да има право на соодветен одговор како и секоја суверена земја, изјави Џафери на прес-конференција прашан за коментар за воените дејствија од Русија врз Украина.

Додаде дека нема разлики меѓу ставот на Република Северна Македонија и западниот свет – ЕУ, САД, и сите сили кои, како што рече, мислат дека е несоодветен начинот на кој е постапено во Украина.

-Советот за безбедност на ОН имаше свој став, меѓународната заедница треба да ги спроведе истите ставови. Ситуацијата е таква каква што е, ние не можеме да седиме со скрстени раце и да чекаме. Ова е прашање посебно за економските импликации и соодветните институции треба да преземат соодветни и превентивни мерки за да се надминат можни негативни економски влијанија, рече претседателот Парламентот.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk