-3.2 C
Skopje
Wednesday, January 19, 2022

ЏАФЕРИ СО СОЧУВСТВО ЗА СМРТТА НА НОВИНАРОТ ПЕНДАРОВ

Најчитани вести

Длабоко ме погоди веста за ненадејното и засекогаш заминување во вечноста на нашиот драг и долгогодишен соработник, почитуван новинар, политички аналитичар, и над сѐ, наш стар и омилен пријател, Тодор Пендаров, наведува претседателот на Собранието Талат Џафери изразувајќи сочувство за смртта на долгогодишниот новинар Пендаров, кој почина синоќа во Скопје.

– Изразувам искрено сочувство од свое лично име, од име на пратениците во Собранието на Република Македонија и од име на собраниската служба, убеден дека споменот за неговиот лик, неговата позитивност и силна волја за живот ќе живее вечно низ ходниците на собраниската зграда. Неговата професионалност и богатото искуство од долгиот и мултидимензионален стручен развој, беше вистински придонес во функционалноста на законодавниот дом, меѓутоа претставуваше и скапоценост за демократскиот развој на нашата земја, посочува Џафери.

Тој упати искрено сочувство до семејството, познаниците, пријателите и неговите соработниците.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com