17.8 C
Skopje
Saturday, July 31, 2021

Џафери: Пратениците се вакцинираат денеска, а претходно се вакцинираа службениците во Собранието

Најчитани вести

Денеска во салата „Борис Трајковски“, според планот за масовна имунизација на населението на Република Северна Македонија, ќе се вакцинираат пратениците во закодавниот дом.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, изјави дека тој и колегите, како и дел службениците кои не се вакцинирани ќе примат вакцина којашто во моментот е достапна за сите граѓани на нашата држава.

„Иако постоеше можност и препорака пратениците да се вакцинираат со претходно достапната вакцина, донесов одлука дека предност треба да се даде на службениците во Собранието, а потоа да се вакцинираат пратениците“, рече Џафери.

Собранието е во втората фаза за вакцинација, односно приоритетна група за вакцинација како неопходна институција – носител на законодавната власт.

Џафери упати апел до сите граѓани да се пријават за вакцинирање на своите матични доктори, да го почитуваат терминот за вакцинација и секој од нас да придонесе во зголемување на колективниот имунитет во нашата држава, а со тоа и надминување на пандемијата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести