27.8 C
Skopje
Monday, August 8, 2022

Џафери: Не можам да ги врзам пратениците да не прават инциденти

Најчитани вести

Инцидентот на Комисијата за европски прашања, што му го припишаа на Арбер Адеми, го предизвикаа тие коишто отидоа до говорницата. Пораката е – да не се повтори. Ако секој си седи на своето место ќе нема инциденти, рече на брифинг со новинарите претседателот на Собранието Талат Џафери и порача јавноста да ја изгледа целата снимка за да има увид кој го испровоцирал претседателот на Комисијата за тој да фрла со филџани, тацни и шишиња по опозициските пратеници.

-Не оправдувам ништо. Не оправдувам таков чин. Тоа никако не е добро. Но, јас како претседател на Собранието немам надлежност да влијаам и да интервенирам. Претседателот на комисијата е надлежен за редот на комисиската седница, а обезбедувањето не може да интервенира додека не биде повикано. Треба да се гледа целата снимка и да се види дека Адеми бил испровоциран, дали со лична навреда, јас не знам и нема да оценувам. Не е во ред целата вина да падне врз Адеми. Kога се гледа целината, јасно е. Јас не можам да ги врзам пратениците или да ги апсам за да не излегуваат пред говорница – рече Џафери.

Тој информира дека имал средба и со европратениците и ги известил за инцидентот, им дал и интегрална снимка од собраниската режија за да ја оценат ситуацијата.

– Никој не треба да реагира така, ни власта, ни опозицијата. Тој е поединец, не оправдувам, туку упатувам порака да не се повторува, да не се случува, а нема да се случи ако никој не испровоцира. Ова е Законодавен дом тие се пратеници и имаат индвидуална одговорност, тоа се прописите, рече Џафери.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com