7.8 C
Skopje
Friday, October 22, 2021

Џафери: Непишано правило е дека Собранието во период на кампања не работи, но доколку има итна потреба ќе може да работи

Најчитани вести

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска на прес конференција истакна дека непишано правило е дека Собранието во период на кампања, која започна вчера, не работи.

Тој додава дека доколку има итна потреба Собранието може да работи во било кое време, според прописите и Уставот кој е во постојано заседание.

„Во тој контекст нема пречка за свикување на седница. Доколку има консензус меѓу политичките субјекти кои учествуваат во работата на Собранието и излезат со таков усогласен предлог, во контекст на Собранието не е пречка да работи и евентуално да донесе нова одлука. Тоа е во рацете на политичките партии доколку се согласат со тоа“, додава Џафери.

Инаку, претходно Претседателот на Собранието, по однос на прашањето за евентуално одложување на пописот, истакна дека од формален аспект законот е дециден дека пописот се врши од 5-ти септември до 30 септември до полноќ кога и завршува.

„Тоа што наведувате дека Заводот за статистика се изјаснил за можна потреба да се продолжи рокот во толку денови колку што беа попречени поради компјутерски упад во системот, тоа е веќе надлежност на Владата или на пратениците да излезат со конкретен предлог доколку размислуваат по однос на тоа прашање“, посочи Џафери.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com