20.8 C
Skopje
Friday, June 18, 2021

Џафери: Нема потреба од средба со опозицијата и нивните ултимативни барања

Најчитани вести

Претседателот на Собранието Талат Џафери дециден во однос на барањето на опозицијата. Според него нема законска можност за посебна седница со закони од пакетот анти-кризни мерки кој е блокиран на 36- тата седница заради немање кворум.

Тој рече дека не може да исполнува нечии желби и да трпи условувања како што тоа го прават од ВМРО-ДПМНЕ.

“Нема потреба од средба со пратеници од опозицијата која има ултимативни барања. Јас не работам според нечии желби туку според Деловникот. Се знае како се свикува седница, треба да се изготви материјал, да се постават точки на дневниот ред и да се свика. Јас немам деловничка можност ниту да свикувам, ниту да продолжувам седници, за се има законска процедура“, рече собранискиот спикер Талат Џафери на брифингот со новинарите.

Во однос на прашањето дали и кога ќе ја продолжи 36 тата седница на која закочи работењето, Џафери рече доколку нема договор меѓу пратениците.

“На “Фејсбук” предлагаат се и сешто, во Собрание ги нема да го спроведат тоа. Јас не водам седници на социјалните мрежи, лесно е да зборуваат таму, а овде да блокираат “, рече Џафери.

Според него законска можност за прогласување вонредна состојба постои, но тој се огради од коментар дали истата е потребна во овој момент.

“Прашањето за вонредна состојба е регулирано со Уставот и ја предлага Владата или одреден број пратеници, а Собранието треба да ја изгласа со 2/3 мнозинство. Во дадениот момент ова мнозинство го немаме, тоа е се што можам да кажам, но ќе се оградам од дебата дали треба или не. Ќе додадам само дека во 2020 имавме друга состојба, со распуштено Собрание а сега тоа функционира во полн состав и имаме различна ситација”, рече Собранискиот спикер.

Во текот на денот Џафери најави дека ќе оствари средба со претседателот на Владата Зоран Заев и пратеникот на ДУИ Али Ахмети за состојба со блокадата на Парламентот и дополнително ќе ја информира јавноста за исходот од состанокот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести