7 C
Skopje
Sunday, May 16, 2021

Џафери – Конве-Муре: Продлабочување на соработката меѓу пратениците во Собранието и француските сенатори

Најчитани вести

– Можностите за интензивирање и продлабочување на соработката во иднина, имајќи ја предвид досегашната соработка биле разгледани на денешната средба на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија со Елен Конве-Муре, потпретседателка на Сенатот на Француската Република и член на Комисијата за надворешни работи, одбрана и вооружени сили во францускиот Сенат.

Како што соопшти собраниската прес-служба, на почетокот на средбата Конве-Муре на Џафери му врачи златен медал на Сенатот како симбол на пријателството и плодната соработка меѓу нашето Собрание и францускиот Сенат, на што Џафери се заблагодари и ја изрази својата највисока почит кон Сенатот.

-Џафери во неговото воведно излагање истакна дека има посебна чест и задоволство да ја пречека потпретседателката на францускиот Сенат Конве-Муре, наведувајќи дека, политичките односи меѓу Република Северна Македонија и Француската Република се неоптоварени, извонредни, пријателски и на високо ниво и додаде дека овие односи ги карактеризира отворен, континуиран, продлабочен политички дијалог, со интерес за продлабочување на билатералната соработка во сите сфери. Потврда за тоа претставува и континуираната размена на посети на високо и највисоко ниво и работната посета на Пратеничката група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Француската Република, односно Националното собрание и францускиот Сенат на почетокот на октомври оваа година, стои во соопштението.

Потпретседателката на Францускиот Сенат Муре, се додава, истакна дека ова нејзино патување се организира со желба за продлабочување на парламентарната дипломатија која ќе биде повод не само за запознавање на земјата, туку и за продлабочување на соработката меѓу пратениците на Собранието на Република Северна Македонија и француските сенатори. Таа додала дека постои интерес за нашата земја, наведувајќи дека вчерашниот разговор со членовите на Пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Француската Република, од политички аспект бил на многу високо ниво.

Џафери, од своја страна, се посочува, истакнал дека и покрај тоа што земјата не доби датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ, сепак Република Северна Македонија ќе продолжи со спроведување на реформите од европската агенда во интерес на нашите граѓани кои секогаш бараат надградување, затоа што, се додава, стратешките цели на нашата земја се ЕУ и НАТО и 70 отсто од граѓаните ги подржуваат и благодарение на досегашната поддршка од Француската Република, преку понатамошна соработка ќе успееме да ја надминеме актуелната ситуација и да се најдеме сите на истиот пат.

На средбата, на која присуствувал и Панче Иванов, претседател на Пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Француската Република, потпретседателката на Сенатот на Франција Муре истакнала дека во нејзиниот извештај од посетата на Република Северна Македонија ќе ги пренесе и нашите очекувања во Париз.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести