0.8 C
Skopje
Sunday, January 23, 2022

Џафери-Зорчиќ: Билатерални прашања не треба да бидат пречка на патот за интегрирање на Северна Македонија во ЕУ

Најчитани вести

Денеска, на маргините на Самитот на претседатели на Парламенти „Европски парламент – Западен Балкан“, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери оствари билатерална средба со претседателот на Националното собрание на Република Словенија, Игор Зорчиќ.

Претседателот Џафери искажа благодарност за континуираната поддршка што Република Северна Македонија ја добива од Република Словенија во процесот на Евроинтеграции. Претседателот Џафери ја истакна одличната соработка со претставникот на Словенија во Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје, како и соработката во насока на справување со бегалската криза и Ковид – 19 пандемијата.

„Со Република Словенија немаме отворени прашања, соработката на сите нивоа е задоволителна, но постои простор за унапредување на соработката особено во сверата на економијата, културата и туризмот. Пандемијата со Ковид – 19 несомнено ја обремени и забави директна билатерлна комуникација, но целосната имунизација полека но сигурно придонесува за враќање на процесите во нормална динамика“, истакна Џафери.Тој додаде дека Европската Унија не е комплетна без целосно интегрирање на сите држави од Западен Балкан.

Претседателот на Националното Собрание на Словенија истакна дека Словенија го поддржува членството на Република Северна Македонија во Европската Унија.
Според него, одредени билатерални прашања не треба да бидат пречка на патот кон целосно интегрирање на Северна Македонија во ЕУ. Претседателот Зорчиќ се осврна на компромисното решение на непопречување и неблокирање на евроинтеграивниот пат на Хрватска, односно решавање на билатералните прашања како паралелен процес на пристапувањето кон Европската Унија.

Соговорниците се согласија дека ваков формат на комуникација на ниво на претседатели на Парламенти е особено полезен особено доколку вакви самити се одржуваат во Европските институции, затоа што истите се дополнителен индикатор дека Европската Унија јасно покажува интерес кон земјите од Западен Балкан и прашањето на проширувањето е високо на агендата на ЕУ.

Република Словенија го презема претседателството со Советот на Европа во втората половина на 2021 година.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com