17.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Џафери: ВМРО-ДПМНЕ нема Бадентерово мнозинство за измена на Законот за јазици

Најчитани вести

Измените во Законот за јазици што ги предлага ВМРО-ДПМНЕ нема да поминат во парламентот, смета претседателот на Собранието Талат Џафери, посочувајќи дека за регулативата која е дел од преткоалицискиот договор меѓу СДСМ и ДУИ е потребно и Бадентерово мнозинство.

-Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ имаат процедурална можност да поднесат предлог за измени и дополнување на Законот за употреба на јазиците, но мора да имаат предвид дека за тоа е потребно двојно мнозинство односно мнозинство гласови од немнозинските пратеници, најмногу Албанци, кај кои нема расположение за тоа – изјави денеска Џафери.

Тој посочува дека има група закони што се носат со Бадентеровото мнозинство и секој подносител на таков предлог би требало да има предвид дека конечната одлука зависи од волјата на тие што се немнозински пратеници.

-Законот за употреба на јазиците е донесен со такво мнозинство и секоја измена соодветно се донесува со такво мнозинство. Секој треба претходно да обезбеди такво мнозинство за да може да смета на поминување на законот – рече Џафери.

Според него, укажувањата од Венецијанската комисија не се обврзувачки, а донесените закони во Собранието треба да се спроведуваат се додека преку соодветна процедура на претрпат евентуална измена. Укажувањата на Венецијанската комисија, вели, се необврзувачки и не значи дека по автоматизам законодавниот дом треба да преземе соодветни мерки по нив. Што се однесува до укажувањето дека дел од институциите не се во можност во моментот да ги спроведат сите аспекти на Законот за употреба на јазиците, Џафери вели дека тоа е работа на институциите на кои се однесува законот и тие во соодветно време треба да обезбедат предуслови за да може да ги спроведат законските одредби.

-Секоја институција треба да обезбеди инфраструктура за да ги спроведе законите онака како што ги донел законодавниот дом. Во тој контекст сметам дека ниеден предлагач, кој и да е, во однос на евентуални дополнувања на Законот за употреба на јазиците, нема да најде соодветна поддршка кај пратениците Албанци, имајќи предвид дека тие го сочинуваат двојното мнозинство. Во дадениот момент мислам дека таква подготвеност кај пратениците Албанци не постои – изјави Џафери.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com