21.8 C
Skopje
Tuesday, June 15, 2021

Џафери – Аксинте: Ќе се стави посебен акцент на соработката во економската сфера помеѓу Македонија и Романија

Најчитани вести

Денеска претседателот на Собранието, Талат Џафери, оствари протоколарна средба со амбасадорката на Романија во Република С.Македонија, Н.Е. Адела Моника Аксинте.

„Претседателот Џафери изрази задоволство за средбата и и упати честитки по повод именувањето на амбасадорката при што ја нагласи важноста од меѓусебната билатерална соработка и продолжувањето на истата на највисоко ниво и на ниво на Пратеничките групи за соработка, штом тоа го дозволат здравствените прилики во двете земји. Тој воедно се заблагодари и за силната и континуирана поддршка што Романија и ја дава на Република Северна Македонија на планот на европската интеграција на земјата и изрази верба дека и како НАТО сојузници ќе имаме плодна и континуирана соработка“, информира владината прес-служба.

Амбасадорката Аксинте го поздрави функционирањето на Собранието како важен промотор на реформските закони кои се во интерес на сите граѓани и сподели значајна констатација дека воспоставеното пријателство помеѓу двата законодавни дома на Романија и Република С. Македонија, во март оваа година ќе бележи 20-годишна традиција на соработка помеѓу парламентарните групи за соработка и силно го поздрави тоа.

Аксинте истакна дека, овие односи во иднина ќе се негуваат со истиот интензитет а посебен акцент ќе се стави на зајакнувањето на соработката во економската сфера.

Амбасадорката изрази благодарност за пријателскиот однос и топлото гостопримство во нашата земја.

Двајцата соговорници ја реафирмираа важноста од континуиран политички дијалог во насока на јакнење на севкупната билатерална соработка меѓу двете држави и особено унапредување на меѓупарламентарната соработка и споделување на заедничките искуства од надворешната политика и парламентарната дипломатија.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести