9.8 C
Skopje
Wednesday, September 22, 2021

Џастин Тимберлејк фатен во неверство? Ја изневерува Џесика со колешката

Најчитани вести

Пејачот Џастин Тимберлејк и актерката Џесика Бил важеа за една од најубавите и хармонични двојки досега. Пејачот неодамна беше фатен како се држи за рака со колешката Алиша Ваинрајт, што предизвика гласини за негово неверство.

Порталот „Сан“ ексклузивно објави видео и фотографии на кои Џастин Тимберлејк ја држи за рака актерката Алиша Ваинрајт, sвездата на новата серија на Нефликс, „Raising Dion“. 38-годишниот пејач и 30-годишната актерка се снимени за време на ноќно излегување во Њу Орлеанс, каде снимаат заедно филм, а фотографиите кои го обиколија светот покажуваат дека Џастин и Алиша се мошне блиски.

На фотографиите јасно се гледа дека Алиша и Џастин седат на иста маса и уживаат во алкохолни пијалаци на балконот на една куќа, а во еден момент бринетата ја става раката на коленото на Џастин. Наместо да се побуни, неколку секунди подоцна пејачот ѝ ја зграпчува раката.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com