Home » Џастин Бибер нема да ја продолжи светската турнеја

Џастин Бибер нема да ја продолжи светската турнеја

by Журнал.мк

Џастин Бибер ги откажа преостанатите концерти од својата турнеја Justice World Tour неколку месеци по одложувањето поради здравствени проблеми.

29-годишниот канадски музичар неколкупати ја одложуваше турнејата откога минатото лето откри дека има парализа на лицето. Сè уште не е наведена причината за последното откажување, кое беше објавено на официјалниот твитер-профил на турнејата.

Неколку од претстојните концерти на поп-ѕвездата што беа претходно наведени на „Тикетмастер“ – вклучително и попатни настапи во Калифорнија, Конектикат и Вашингтон – веќе се отстранети.

Во септември музичарот се огласи на „Инстаграм“ и откри дека му бил дијагностициран синдромот Ремзи Хант. По консултација со лекарите, членовите на семејството и членовите на тимот, пејачот ги извести фановите дека неговото здравје е приоритет пред турнејата. „Ќе треба да се одморам од настапи и да оздравам“, рече тој минатиот септември.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk