-0.2 C
Skopje
Sunday, December 5, 2021

Џанпјеро Гасперини втора година по ред е избран за најдобар тренер во Италија

Најчитани вести

Актуелниот тренер на калчолигашот Аталанта, Џанпјеро Гасперини е втора година по ред избран за најдобар тренер во италијанскиот фудбал.

Гасперини ги добил гласовите од здружението на тренери, а наградата „златна клупа“ ја добива втора година по ред, откако се сметаа и резултатите од сезоната 2019/20, која беше прекината, па доиграна летоска.

Аталанта беше трета во Серија А, играше четвртфинале во ЛШ, а откако Гасперини дојде во Бергамо, клубот процвета и сега е меѓу најдобрите на Чизмата. Аталанта и сезонава се бори за место во ЛШ, стигна до финале во Купот, а испадна во четвртфиналето во ЛШ од најтрофејниот европски клуб Реал Мадрид.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com