10.6 C
Skopje
Saturday, October 16, 2021

Џамбаски вели дека Бугарија не била окупатор во Македонија, туку Србија и Југославија

Најчитани вести

Бугарија не била и не може да биде окупатор во Македонија, вели во разговор за „Локално“ европратеникот Ангел Џамбаски.

„Окупатор во Македонија, на пример, беше Србија. Од 1913 до 1915 година, а потоа од 1919 до 1941 година. Тогаш името „Македонија“ и се „македонско“ беа целосно избришани и уништени, бидејќи за српскиот окупатор беше еквивалентно на бугарско. Територијата беше наречена Бановина, Јужна Србија, а населението „Јужни Срби“. Токму против овој крвав српски окупатор беше кренато Охридско-Дебарското востание. Окупатор во Југославија беше и крвавата Југославија, комунистички, болшевички окупатор, со нејзиниот терор и десетици илјади убиства на луѓе, само поради нивниот бугарски идентитет, кој започна на „Крвавиот Божиќ“ во 1945 година по наредба на крвавиот диктатор Тито и воениот злосторник Светозар Вукмановиќ Темпо и продолжи преку голготата на Голи Оток и Идризово. Самиот термин „фашистички окупатор“ е плод на комунистичката историографија. Познавањето на историските факти такви какви што се, многу помага да се разберат историските процеси, вели Џамбаски.

Окупатори во Македонија, според него, биле Србија и Југославија, а Бугарија била дочекана како ослободителка „каква што беше“.

Македонскиот премиер Зоран Заев најави дека од учебниците ќе биде исфрлен зборот фашистички, пред бугарски окупатор. Но, за ова имаше остри реакции. 

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com