9.8 C
Skopje
Sunday, October 17, 2021

Џамбаски: Бугарија не беше фашистички окупатор во Македонија туку Србија

Најчитани вести

Нема потреба од дебата во бугарското општество за терминот „фашистички окупатор“, ние си ја знаеме историјата. Бугарија не била и не може да биде окупатор во Македонија, вели во разговор за „Локално“ европратеникот Ангел Џамбаски.

Окупатор во Македонија, на пример, беше Србија. Од 1913 до 1915 година, а потоа од 1919 до 1941 година. Тогаш името „Македонија“ и се „македонско“ беа целосно избришани и уништени, бидејќи за српскиот окупатор беше еквивалентно на бугарско. Територијата беше наречена Бановина, Јужна Србија, а населението „Јужни Срби“. Токму против овој крвав српски окупатор беше кренато Охридско-Дебарското востание. Окупатор во Југославија беше и крвавата Југославија, комунистички, болшевички окупатор, со нејзиниот терор и десетици илјади убиства на луѓе, само поради нивниот бугарски идентитет, кој започна на „Крвавиот Божиќ“ во 1945 година по наредба на крвавиот диктатор Тито и воениот злосторник Светозар Вукмановиќ Темпо и продолжи преку голготата на Голи Оток и Идризово. Самиот термин „фашистички окупатор“ е плод на комунистичката историографија. Познавањето на историските факти такви какви што се, многу помага да се разберат историските процеси, вели Џамбаски.

Окупатори во Македонија, според него, биле Србија и Југославија, а Бугарија била дочекана како ослободителка „каква што беше“.

– Самиот ден на влегувањето на бугарските војници во Македонија се нарекува „бугарски Велигден“, бидејќи по долгогодишно разделување браќата и сестрите се среќаваат, и слободата преовладува. Последниот голем водач на ВМРО, Иван Михаилов, роден во Ново Село, сега во Штип, вели „Кога во 1941 година во Македонија беа отворени бугарски училишта, таму не избувнаа нереди и не се бараа други училишта“ и тука под „отворија“ не се мисли на изградба на нови училишта, туку фактот дека старите бугарски училишта повторно се отворени, тврди европратеникот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com