Home » Џамбаски бара бугарското МНР да реагира по изјавата на Пендаровски

Џамбаски бара бугарското МНР да реагира по изјавата на Пендаровски

by Журнал.мк

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски го обвинува македонскиот претседател Стево Пендаровски дека покажал „скандалозна антибугарска дрскост“ и го повика бугарското МНР да одговори и да побара итно извинување од Пендаровски.

„Пендаровски уште еднаш излажа дека властите во Софија имаат врска со депортацијата на Евреите од териториите на денешна Македонија. Докажан историски факт е дека се работи за целосна и крајна лага. Одделно, Пендаровски кажа уште една лага, прогласувајќи ја власта во Софија за профашистичка. Докажан историски факт – во Кралството Бугарија никогаш на власт не бил ниту профашистички ниту националсоцијалистички режим“, пишува Џамбаски.

Како што вели европратеникот, лагите на Пендаровски се сериозна навреда кон бугарскиот народ и имаат за цел да ја понижат и негираат историската улога и заслуга на бугарскиот крал, црква, политичари и народ, кои сами во Европа ги спасија нашите еврејски сограѓани од депортација и смрт. Единствени во Европа.

Во продолжение на објавата на Фејсбук, Џамбаски вели дека „дрскоста на ксенофобичните, антибугарските, антиевропските власти во Скопје оди дотаму што се обидуваат да ја негираат оваа неоспорна историска заслуга на нашата нација, која, пак ќе повторам, е единствена во Европа, од која различни политички безрбетните луѓе сега се обидуваат да не научат на разумот, се осмелија да му се спротивстават на Хитлер и ги спасија неговите Евреи. Но, срам им припаѓаат на предавничките партии кои ја сменија бугарската позиција и дозволија таквите дрски бугарски мразачи да си играат и да навредуваат и да ги негираат историските заслуги на бугарскиот народ“, вели Џамбаски кој го прозива МНР итно да реагира.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk