1.8 C
Skopje
Saturday, February 4, 2023

Џака е хит: Роналдо да пиеше „Кока Кола“ ќе беше во 1/4 финалето

Најчитани вести

Швајцарија е хитот на ова ЕУРО. По изведување на пенали го елиминира актуелниот светски првак, Франција. Регуларниот дел заврши со 3-3, откако во продолженијата не падна гол, мечот беше решен по пенали, а таму улогата на трагичар му припадна на Килијан Мбапе. Неговиот удар од белата точка го одбрани Сомер.

Во центарот на вниманието се најде Гранит Џака. Тој е хит на социјалните мрежи. Пред изведувањето на пенал серијата извади шише “Кока Кола“. Секако по овој потег, сите фатија сеир на Кристијано Роналдо, кој на стартот на ЕУРО го тргна овој пијалок и порача дека треба да се консумира само вода.

Сеирот отиде до таму, што имаше и такви наслови дека Роналдо требало да пие „Кола Кола“, ќе беше во четвртфиналето.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести